Во В.Британија поголема загриженост за делта сојот отколку за новиот омикрон

147

Делта сојот на коронавирусот  е поголема загриженост за Обединетото кралство отколку новооткриениот омикрон сој, смета Крис Вити, водечкиот британски епидемиолог.

Како што вели епидемиологот, владата на Борис Џонсон беше во право кога се одлучи за построги мерки, како што е суспензија на патувањата од шест африкански земји, со цел да се забави доаѓањето на новата варијанта во Велика Британија.

Меѓутоа, Вити предупредува дека секој обид за наметнување построги ограничувања може да наиде на противење на јавноста и сугерира дека загриженоста треба повеќе да се фокусира кон актуелната закана – делта сојот на коронавирусот.