Во Волково се гради најмодерната градинка во земјава

639

Градежните работи на градинката во Волково се во полн ек и покрај корона-кризата. Како што информираат од Општина Ѓорче Петров, градинката ќе биде со капацитет од 175 деца поделени во осум занимални и нејзината изградба ќе чини над 80 милиони денари.

– Оваа градинка се очекува да биде најсовремена и најмодерна во земјата, штедлив објект по сите стандарди. Изградбата е дел од „Проектот за условени парични надоместоци (УНП Проект)“ кој се реализира од Министерството за труд и социјална политика со финансиска поддршка од Светска банка – соопштија од локалната самоуправа.