Во Валандово сè е подготвено за новите македонски фолк-хитови: три распеани фестивалски ноќи во градот на калинките

318

На 24 мај (петок), според најавата, публиката ќе ја забавуваат: Перо Христов, Драган Мијалковски и Влатко Лозаноски. Наредната вечер, на 25 мај (сабота), ќе настапат Игор Џамбазов и Гуру Харе-Бенд, групата „Ареа“ и Кирил Џајковски. Минатата година на фестивалот според гласовите на публиката победи Мишко Крстевски со песната „Ема убава“ за која музика, текст и аранжман ги напиша хитмејкерот Љупчо Трајковски-Фис.                                                                                                    Весникот ВЕЧЕР заедно со порталот vecer.press и оваа година ќе бидат едни од поважните фестивалски медиумски помагатели и пријатели, но и дел од стручното жири.                      

Валандово, „македонско Халкидики“, градот на калинките и опојните мириси на медитеранските растенија со првите топли денови веќе е во знакот на овогодишен музички Фестивал на народната музика „Валандово фолк-фест“. Три дена и три ноќи од овој убав, питом град кој туристите го обожуваат и не го заобиколуваат (на патот кон Дојранското Езеро, Халкидики и Егејското Море) ќе ечи песната, ќе се дружат пејачите, новинарите, композиторите, текстописците, аранжерите… Оваа пролет тоа ќе биде по 37. пат.

На фестивалската сцена во салата „Јанко Узунов“, на 26 мај (недела) и пред ТВ-камерите во директен ТВ-пренос на Македонската ТВ, ќе бидат исполнети 20 новосоздадени македонски песни. На свечено украсената сцена и годинава ќе пеат многу популарни македонски фолк-пејачи од кои се очекува не само што ќе дадат максимум во своите интерпретации, туку и ќе донесат нови хитови по примерот на претходните: „Во црно вино утеха нема“, „Запејте, мераклии“, „Дојди ми, Лено, на перниче бело“, „Едно срце имам, душо“, „Само една песна јас да запеам“, „Ако згрешам“, „Како да ти речам, мила, остани“…

Пред натпреварувачката вечер ќе се одржат две таканаречени „воведни“ вечери на Градскиот плоштад на 24 и 25 мај, со шоу-настапите на исклучиво македонски пејачи. Овој пат се заобиколени гостите од поранешни југословенски републики. Минатата година свои впечатливи концерти имаа пејачите од Србија, Жељко Самарџиќ и Ана Бекута, која на „Валандовскиот фестивал“ засекогаш му го подари хит-евергринот „Стариот џумбушлија“.

А, зошто сега само домашни македонски интерпретатори е прашање на кое секако дека треба да ни одговори организаторот, општината Валандово. Се шушкаше во естрадните кругови дека свој концертен-настап требаше да има популарната Зорица Брунцлик, но сепак тоа нема да се случи.

На 24 мај (петок), според најавата, публиката ќе ја забавуваат: Перо Христов, Драган Мијалковски и Влатко Лозаноски.

Наредната вечер, на 25 мај (сабота), ќе настапат Игор Џамбазов и Гуру Харе-Бенд, групата „Ареа“ и Кирил Џајковски.

За потсетување е дека минатата година на фестивалот според гласовите на публиката победи Мишко Крстевски со песната „Ема убава“ за која музика, текст и аранжман ги напиша хитмејкерот Љупчо Трајковски – Фис.

Втората награда ја доби Елена Андоновска со песната „Ни седум неба, ни седум гори“, а третата ја освоија Анета и групата “Молика“ со песната „Букети од сомнежи“.          Сите тие награди беа и парично “закитени“!

Весникот ВЕЧЕР заедно со порталот vecer.press и оваа година ќе бидат едни од поважните фестивалски медиумски помагатели и пријатели, но и дел од стручното жири. Традиционално, Ирена Спировска и Ѓорѓи Калајџиев ќе го водат фестивалот, како секогаш и сега, професионално и интересно.