Во Битола отворена изложба на книги поезија од македонски и странски поети

94

Во пресрет на 21 март – Светскиот ден на поезијата, НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола промовира изложба на авторски книги со македонска поезија и поезија од странство.

Љубителите на поезијата може да се потсетат и ги изнајмат книгите на Блаже Конески, Славко Јаневски, Ванчо Николески, „Бели Мугри“ на Кочо Рацин, „Песни“ од Никола Јонков Вапцаров, поезија за деца од Стојан Тарапуза, Волче Наумчески и други македонски поети.

Во фоајето на градската библиотека во Битола се изложени и избор поезија од Пабло Неруда, Паул Хајзе, Габриела Мистрал, Стефан Маларме, песни од Современата поезија на Алжир, избор поезија од Рабиндранат Тагоре и други светски познати автори.

На 21 март НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ во Битола ќе одржи средба на поетите од градот.