Во Битола одбележан Денот на Европа

25

Општина Битола со повеќе настани го одбележа 9. Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

Во рамки на програмата средношколци од гимназијата „Јосип Броз Тито“ промовираа видео материјалот на тема „Младите и нивните размислувања за членството во ЕУ“, а во наредните денови ќе се одржат онлајн дебати и предавања со средносшколци и студенти за искуствата со Еразмус плус програмите, како и за начинот на конституирање на ЕУ.

Во празнична честититка, градоначалничката Наташа Петровска нагласи дека денешниот ден има двојно значење.

-Денес е Денот на победата над фашизмот- победа на едно разединување и лудило кое никогаш не смее да ни се повтори и Ден на Европа- како симбол да едно здружување, солидарност и единство.Нема ништо поважно од бистрината на разумот со кој човештвото и поединецот треба да живее во духот на вредностите на спречување на секое зло и давање перспектива на сплотеноста, истакна Петровска.

Од Општина Битола информираа дека во програмата посветена на Денот на Европа,  учествувале и Детските градинки се претставуваање на по една држава членка на ЕУ, односно со презентација на  нивната култура, традиции, храната и некои други специфичности и знаменитости вообичаени за конкретната држава.

Извор: МИА