Во Барселона сокриле дека имаат пет играчи со коронавирус

66

Пет играчи на Барселона и двајца тренери имале коронавирусот, но клубот не ја објави оваа информација, открива весникот „АС“.

Сите играчи и тренери на шпанскиот гигант се тестираа за вирусот на почетокот на пандемијата и седум од нив имаа позитивен тест. Кај сите нив болеста била асимптоматска, а во повторените тестови – пред да се вратат на тренинг, немаше повеќе заразени.

Во оваа фаза, не е јасно кои биле заразените, доколку овие информации воопшто се вистинити. Барселона треба да се врати во Ла Лига на 13 јуни, кога е на програма дуелот против Мајорка.