Во Африка 91 милион лица се разболуваат како последица на небезбедна храна

108

Секоја година во Африка се разболуваат 91 милион луѓе како последица на консумирање небезбедна храна. Тоа го тврди Томас Квеси Кворти, заменик-претседател на Комисијата на Африканската Унија.

– Време е безбедноста на храната да биде приоритет во Африка, нагласи тој во говор во седиштето на Африканската Унија, на одбележувањето на Светскиот ден за безбедност на храната, што за првпат е набљудуван на континентално ниво.

Според Кворти, десетици илјади луѓе умираат во Африка секоја година по консумирање небезбедна храна.

„Околу 600 милиони луѓе се разболуваат по јадење небезбедна храна и 420.000 умираат секоја година“, наведува Светската здравствена организација.

-Една четвртина од глобалните смртни случаи поради консумирање небезбедна храна е во Африка, рече египетскиот амбасадор во АУ, Осама Мохамед Абделхалек.

Африканската Унија го одбележува овој ден со цел да го зајакне дијалогот и да ги инспирира акциите за подобрување на безбедноста на храната, користејќи го Светскиот ден за безбедност на храната како глобален потсетник за одржувањето на јавната свет на високо ниво за тоа важно прашање.