Во Англија, два милиони луѓе примиле трета доза на вакцината против Ковид-19

50

Во Англија се администрирани повеќе од два милиони „засилувачки“ дози на вакцината против коронавирус, а официјалните лица ги повикуваат сите кои ги исполнуваат условите за трета доза, да ја примат.

Засилувачките дози се даваат најмалку шест месеци по примањето на втората доза.

Англискиот институт за јавно здравје НХС во вторникот објави дека три недели по почетокот на примената на „засилувачки“ дози, биле администрирани вкупно 2,08 милиони од нив.