Во албанскиот град Камез се одржа „Мис на летото 2019“:Анѓела, претставничката на Македонија трета придружничка и Мис на фотогеничност

431

Како што доаѓаат топлите денови, а со нив и летото така и се повеќе се организираат Изборите на женската убавина. Таков еден мега-избор пред некој ден беше организиран во соседна Албанија, во нивниот град Камез. Изборот кој го носи едноставно и атрактивно име „Мис на летото 2019“ со учество на 24 земји а, за кој лиценцата од Македонија ја има агенцијата „Пантермоделс“, ќе се памти и по настапот и успехот на претставничката од Македонија, згодната Анѓела Јакимовска.

Таа ја носеше модерната креација од Марина Беле, додека носијата беше креирана од нејзината мајка. Официјален креатор на Изборот беше Неат Баха. Победи претставничката од Португалија Наталиа Федерчук, додека нашата девојка беше трета придружничка. Анѓела ја освои и титулата за Мис на фотогеничност. Учесниците беа топло поздравени од Џелала Мазиу, градоначалникот на градот Камез, а националните директори од секоја земја учесничка добија и сувенири и сертификати.