Возови за Србија може да нема и во наредните десетина дена поради несреќата кај Куманово

169

Вагоните од товарниот воз на МЖ Транспорт, што ноќеска се превртеа кај кумановската железничка станица може да го блокираат железничкиот сообраќај кон Табановце, односно кон соседна Србија во наредните два-три, па и до десетина дена, информираат за весникот Вечер извори од МЖ.

Причина е тоа што е потребно многу време да се подигнат и отстранат тешките вагони кои се излезени од шините.

Во меѓувреме, почетна точка на возовите кон другите правци е скопската железничка станица и како што дознаваме сообраќајот се одвива нормално.

Инаку, како што веќе потврдија од макеодснки железници-Транмспорт, вагоните  се излизгале од шините и се превртеле ноќеска околу два часот на излезната свртница кај кумановската железничка станица.

Од МЖ транспорт најавија дека во текот на денот преку соопштение ќе дадат детали за несреќата, а досега информираа само дека се работи за товарен воз, дека во несреќата нема повредени лица, но според првичните сознанија е причинета голема материјалчна штета.

Во тек е истрага за причините на несреќата.