Возачките дозволи со Косово, на пратеничка маса

200

Пратеницитена денешната седница  треба да го ратификуваат Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за реципрочно признавање на возачките дозволи.

Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја одржи 98. седница на која треба да бидат разгледани 26 предлог закони и годишни извештаи.

На дневен ред, покрај договорот за признавање на возачките дозволи на маса на пратениците  меѓу другото, се и предлог законите за изменување на Законот за минимална плата, на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност и на Законот за данокот на додадена вредност.

На седницата треба да бидат разгледани и повеќе годишни изваштаи на државни комисии, дирекции, Ааенции, на Судскиот совет и Народниот правобранител.