Водена апокалипса на Балканот: Поплави од епски размери во Грција, Турција и Бугарија, се зголемува бројот на жртви/ФОТО/ВИДЕО

371
Фото: Zoom Earth screenshot X

Грција, Турција и Бугарија се погодени од силно невреме и поплави во кои загинаа најмалку седум лица, вклучително и двајца туристи во камп во северозападна Турција.

Али Јерликаја, турскиот министер за внатрешни работи, изјави дека уште четири лица се исчезнати во камп во провинцијата Киркларели, во близина на границата со Бугарија, по поројните поплави.

– Спасувачките екипи лоцираа две тела. Потрагата по уште четири исчезнати лица продолжува – напиша тој на социјалните мрежи.

Според него, во кампот во моментот на поплавата имало 12 лица. Телевизиските снимки покажаа дека спасувачите носат девојка и возрасен на безбедно од водата која во некои области достигнала над еден метар.

Еден главен пат исто така е оштетен и затворен поради дождот, јави телевизијата Хабер Турк.

Во Истанбул силен дожд поплави улици и куќи во две населби, при што загинаа две лица. Десетина од нив се спасени откако останале заробени во библиотеката.

Во Грција, полицијата го забрани сообраќајот во градот Волос, блискиот планински регион Пелион и островот Скијатос бидејќи рекордните врнежи однесоа најмалку еден живот. Противпожарната служба соопшти дека едно лице загинало во близина на Волос кога врз него паднал ѕид. Пет лица се водат како исчезнати.

Властите испратија предупредувања на мобилните телефони до жителите на другите области на централна Грција, островите Споради и островот Евиа да не излегуваат од домовите.

Српски туристи, како што пренесуваат тамошните медиуми кои летуваат на грчкиот полуостров Пелион кај Волос, контактирале со српската амбасада во Атина. Како што е потврдено за ТВ Блиц од амбасадата, тие останале без својот автомобил, кој поројната вода го однела во морето.

Грчката полиција во вторникот нареди возила да се тргнат од улиците на централниот град Волос и блискиот планински регион Пелион, бидејќи силната бура Даниел ја погоди областа, претворајќи ги улиците во поплавени порои.

https://twitter.com/volcaholic1/status/1699022849321709905?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1699022849321709905%7Ctwgr%5E72b3f90cb81e9decdc74e74fb0c81ac1e4273e7c%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fpulsembed.eu%2Fp2em%2FT1MPjleND%2F

Забраната, која ги опфаќа сите, освен итните служби и возилата за помош на пат, и ќе остане во сила додека не се смири невремето, соопшти полицијата.

Сепак, некои возила беа однесени во морето од поројните струи.

Многу села во Пелион (Чорто, Милина, Каламос, Кагарада, Агиос Јоанис, Аргаласти) претрпеа огромни штети и останаа блокирани. Реките се излеаја и се претворија во порои, патиштата беа преполовени, мостовите се уриваа, а плажите беа полни со автомобили однесени од водата.

https://twitter.com/Ratnesh_speaks/status/1699104977044853008?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1699104977044853008%7Ctwgr%5E18fb26036f72575a5a071ec0b70aeae1579fd819%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fpulsembed.eu%2Fp2em%2FfPiZDVN2-%2F

Метеоролозите предупредија на најобилните врнежи досега во Грција. Само Загора имала повеќе од 500 милиметри дожд во еден ден, кога годишното количество на врнежи во Атина е околу 400 милиметри. И покрај тоа, размерите на штетите се застрашувачки и се поставуваат многу прашања за тоа како и до кој степен Грција може да се зајакне против екстремните појави.