Водата во Охридското Езеро на ниво на просекот за овој период од годината

29

Охридското Езеро полека се враќа во кондиција кога станува збор за количеството вода во басенот. Нивото на водата во езерото се наоѓа на 693,38 метри надморска височина достигнувајќи го просекот за јануари, што е мошне добро доколку се земе предвид исклучително неповолната хидрролошка состојба, сушната есен со многу малку врнежи.

Дури и температурата на водата е во рамки на просекот за јануари односно изнесува 7 степени целзиусови.

Инаку, на средината на ноември минатата година нивото на езерото беше на минимално дозволената кота од 693,10 метри или 28 сантиметри пониско споредбено со моменталната состојба.