Раскинувањето не е пријатно за никого, иако многумина на крајот го прифаќаат раскинувањето и продолжуваат со животот. Од друга страна, постојат три знаци на Зодијакот кои, ако бидат емоционално повредени, ќе сторат сè за да се одмаздат.

Скорпија

Очекувано, посесивната Скорпија е на тронот. Тие се чувствуваат послебно изневерено кога некој ќе ги повреди, особено ако станува збор за партнер. Но, она што мора да го знаете е дека нема да делуваат веднаш, туку ќе си земат доволно време да испланираат одмазда.

Овен

Овните секогаш се со план однапред. Тие ќе си поиграат со вашата психа. Ќе ве посрамотат, ќе ви се исмејуваат, што и да им падне на памет, како би ви покажале дека никој не си игра со нив.

Водолија

Личностите родени во знакот Водолија никогаш, ама баш никогаш, нема да ви покажат дека се повредени или навредени. Наместо тоа, тие ќе ја употребат својата интелигенција да смислат совршена одмазда.