ВМРО-ДПМНЕ од Охрид стартуваше со кампањата за поддршка на туризмот „Ја сакам Македонија“

540

Комисијата за туризам на ВМРО-ДПМНЕ од денеска во Охрид започнува со активностите во рамки на партиската кампања „Ја сакам Македонија“.

-Стартуваме од најтуристичкото место во Македонија, тоа е Охрид, каде што денес професионални водачи од Македонската асоцијација на водичи и придружници ќе предводат група граѓани низ охридските туристички знаменитости. Со ова сакаме да ја покренеме свеста кај граѓаните дека и домашниот туризам е и те како важен, а Република Македонија има што да понуди, изјави денеска во Охрид Слободан Блажевски, претседателот на Комисијата за туризам на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, туризмот како стопанска дејност е исклучително важна за туристичките центри во земјата, па оттаму намерата на партијата да покрене активности насочени кон поголема промоција на исклучителните потенцијали со кои располагаат домашните туристички дестинации.

-Она што мораме да го потенцираме и не можеме да го прескокнеме, е тоа што оваа Влада и држава освен на криминал, воопшто нема помислено или со прст помрднато да направи нешто за развојот на туризмот. Имаме саемски директор на агенција за подршка и промоција на туризам кој го интересираат единствено саеми и личен хедонизам, имаме Влада која не е заинтересирана никако да помогне или вложи во туристичките центри и имаме од година во година пропаднати туристички центри. Тоа не смее да биде така и мора да почнеме да го менуваме, истакна Блажевски.