Влошена состојбата на родилката од Куманово заразена со Ковид-19

57

На Инфективната клиника во изминавие 24 часа се примени 4 пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 67 пациенти, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.

-Има влошување на клиничката слика на родилката од Куманово, таа се уште е респираторно независна, но значајно потешка клиничка слика, интензивно се прати нејзината состојба, рече Филипче.