Висока 175 см., со протези, во син блузон и црна јакна: МВР ја објави Вања Ѓорчевска во регистарот на исчезнати лица

301

Министерството за внатрешни работи (МВР) со фотографија и опис ја објави Вања Ѓорчевска во регистарот на исчезнати лица на Македонија.

„ЃОРЧЕВСКА ВАЊА татко Александар мајка Зорица род.27.02.2009 год. во Скопје.

Исчезната на 27.11.2023 год. во утринските часови на пат кон ООУ „Песталоци“ во општина Центар-Скопје.

Опис: висина 175 см, тежина 58 кг, коса темно кафеава, очи кафеави, носи протези на горни и долни заби, има бемка на десна страна од лицето. Облечена во син блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии. Со себе носи школски ранец и мобилен телефон марка Ајфон“, стои во описот.

МВР интензивно трага по 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје откога вчера, во 8.35 часот, мајка ѝ пријавила дека е исчезната.