„Визер“ нуди 20 проценти попуст за која било дестинација

108
„Визер“, најголемата нискобуџетска авиокомпанија во централна и источна Европа и лидер на авиопазарот во Македонија, го објави својот еднодневен промотивен попуст од 20 отсто на цената од седиште за сите резервации на летови што ќе бидат направен денеска, 4 септември, до полноќ. Попустот важи за сите резервации направени денес и се однесува на која било од 149-те дестинации на компанијата.

„Визер“ во Македонија нуди вкупно 38 правци до 16 земји од своите два аеродрома во Скопје и Охрид обезбедувајќи пристап од земјата до Европа и пошироко овозможувајќи бизнис и други патувања.

Само оваа година „Визер“ почна да оперира на 4 нови дестинации од Скопје до: Баден-Баден, Бремен, Ларнака и Турку, како и 4 нови дестинации од Охрид до: Малме, Милано – почнато во март 2019, Дортмунд – почнато на почетокот на јули и Меминген во август.