ВИДЕО: Рамзи и Дибала го решија Интер

46

Актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, повторно е на врвот од табелата, откако синоќа во дербито на 26. коло го совлада Интер со 2:0.

На натпреварот одигран без публика поради коронавирусот, стрелци на головите беа Арон Ремзи и Пауло Дибала, двата во второто полувреме.

По оваа победа, Јувентус има 63 бода, еден повеќе од второпласираниот Лацио и девет од Интер кој е трет и со натпревар помалку.