Видеото на Јункер со Заев наjголем политички гаф во 2018-та

145

Светските медиуми како шампион на “гафови” во изминатата 2018-та го прогласија претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, инаку познат по неговото неконвенционално однесување.
Тој неколку пати во јавноста, според светските медиуми, се има појавено “под гас”, а во една од средбите, имено, на самитот на НАТО одржан во Брисел пред пет месеци, мораше да биде придржуван за да може да стои на сцената, а македонскиот премиер Зоран Заев му помагаше да се спушти од бината.

Неговиот кабинет потоа соопшти дека причината за ваквите потези била болката во грбот. Во ноември оваа година, Јункер повторно беше во центарот на вниманието, бидејќи тој носеше чевли со различни бои во еден сет.

Кога дозна дека носи еден кафеав и еден црна чевел, луѓето од неговиот тим набрзина го одведоа зад сцената, по што тој се врати со нов пар чевли.

Пред крајот на годината, Јункер направи уште еден гаф на самитот на лидерите на земјите членки на ЕУ во Брисел, при приемот во салата каде што се одржуваше, кога на една сопруга од протоколот и ја местеше косата, а потоа продожи со прегрнување и бакнување на останатите.

извор: Фактор.мк