Вечните ривали во клинч поради Чилвел

110

Големите ривали од англиската Премиер лига, Манчестер Сити и Челзи, ќе се обидат за време на зимскиот преоден рок да ги осигураат услугите на офанзивниот бек од редовите на Лестер, Бен Чилвел.

Раководните лица на популарните „лисици“ испратија јасна порака до челниците на Челзи и Манчестер Сити дека стандардниот првотимец ќе ја добие потребната дозвола за да ја промени клупската средина само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 70 мил. фунти.