Во овие жешки летни денови, во Битола гореше сè, но не од пожарите туку од песните на естрадната ѕвезда Здравко Чолиќ, која буквално им ги изгоре срцата на огромниот број свои фанови.

Местото на настанот „Голд фелиција” е убаво, ексклузивно место, но претесно за да ги прими сите оние што го сакаат овој пејач, кој трае повеќе од пет децении.

А, Здравко како и секогаш така и овој пат –  насмеан, расположен, распеан пеејќи ги песните што ги знаат луѓето напамет, од онаа „Главо луда”, па сè до една од поновите – „Тебе чувам за крај”. И навистина, сè така до крај полни четири часа. Една невидена младешка енергија и покрај неговите 71 година!

Публиката пет пати го враќаше пејачот на бис, но како да не беше доволно тоа за да се задоволи таа невидена љубов кон неговите песни, кои со право станаа евергрини. Логично, концертот заврши со големиот хит „Ти си ми у крви”.

Во публиката сè изгоре од напливот на емоции, затоа со причина велат за Здравко дека и по толку години, останал ретка естрадна ѕверка.

Дуле Миќиќ