Весковски: Заедно и обединети да го оствариме најдоброто за Карпош

24

Заедно тргнавме по патот за најдоброто за нашата општина, најдоброто за нашата држава. Заедно и обединети треба да продолжиме напред за да ја постигнеме целта и да го оствариме најдоброто за Карпош. Нашата општина може и мора да оди само напред, со реализација на граѓанскиот концепт, со реализација на проевропскиот концепт преку реално остварливи проекти од полза за секој граѓанин, порача кандидатот за градоначалник на Карпош, од СДСМ и Коалицијата, Душко Весковски.

Тој на денешната прес-конференција истакна дека со заеднички труд, Карпош може да стане подобро место за живеење и општина за пример.

-Да се обединиме и заеднички да ја потврдиме довербата која води до победа, победа за најдоброто. Да се обединиме и да го дадеме својот глас за нова енергија, нови проекти, подобра иднина. На 31 октомври да го заокружиме бројот 12 и да ставиме крај на манипулациите, измамите, лагите и лажните ветувања. Да не се враќаме во минатото, туку да продолжиме по патот кој води напред, порача Весковски.