Вертонген е на еден чекор

60

Италијанскиот калчо гигант Интер, најверојатно ќе биде следната дестинација на репрезентативецот на Белгија, Јан Вертонген. Централниот дефанзивец во изминатата сезона го носеше дресот на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, но од пред неколку дена има статус на слободен играч. Италијанските медиуми открија дека челниците на Интер веќе му понудиле 3-годишен договор на Белгиецот, кој доколку ја прифати понудата да се пресели на „Џузепе Меаца“, ќе си обезбеди годишна плата од 5.5 мил. евра.