Вернер сака во Италија

72

Близок извор до таборот на германскиот бундеслигаш РБ Лајпциг, откри дека најдобриот фудбалер, Тимо Вернер, е сериозно заинтересиран за преселба во италијанската Серија А.

Репрезентативецот на Германија сигурно ќе ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок, а калчо гигантот Интер е последниот тим кој покажа интерес за неговите услуги. Според челниците на Интер, Вернер треба да биде идеална замена за аргентинскиот интернационалец Лаутаро Мартинез кој треба да биде продаден на Барселона.