Верати верен до 2024 година

67

Италијанскиот репрезентативец во редовите на ПСЖ, Марко Верати, наскоро ќе го продолжи договорот со клубот. Новиот договор ќе биде со важност до 2024 година, објавија некои француски медиуми.

Платата на 26-годишниот играч ќе се зголеми на на 11 милиони евра по сезона. Верати е дел од ПСЖ уште од 2012 година. Оваа сезона настапи на 11 натпревари и забележа една асистенција.