Венко Филипче: Бев сведок на емотивен момент кога млада девојка се соочи со човекот што ѝ го спасил животот

89

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави една човечна, трогателна приказна поврзана со девојка од настраданите во грозоморната сообраќајна несреќа кај село Ласковци. Станува збор за професор, жител на село Ласкарци, кој ѝ помогнал да млада девојка да преживее од под автобусот и оттогаш се обидувал да ја најде, со мислата „Само да биде жива Јасмина“.
– Неколку денови безуспешно барал информации низ болничките ходиници, а всушност не ѝ го знаел ниту името. Поради тоа, Садет преку медумите побара од мене да му помогнам да ја пронајде. Во Градската општа болница „8 Септември“, Садет со моја помош ја најде Јасмина, напиша Филипче, додавајќи:
– Бев сведок на емотивен момент на кој што млада девојка се најде лице в лице со човек што ѝ го спасил животот.

Министерот го заврши својот пост со зборовите на Садет ‘Никогаш нема да заборавам како ме молеше да ѝ помогнам’, посакувајќи:’
Се надевам дека никогаш повеќе нема да ни се случи ваква трагедија, продолжуваме со битка за секој живот. ‘. Ти благодарам Садет на твојата посветеност, ти си вистински херој!“, напиша Филипче.