Ванеса Брајант поднесе тужба против сопственикот на хеликоптерот во кој загинаа Коби и нивната ќерка

63

Ванеса Брајант, вдовицата на НБА легендата Коби Брајант, денеска поднела тужба против сопственикот на хеликоптерот, во чиј пад минатиот месец загинаа нејзиниот сопруг, нивната 13-годишна ќерка Џијана и уште седум други лица.

Како што пренесуваат американските медиуми, Ванеса Брајант во тужбата навела дека пилотот постапил немарно и неодговорно, бидејќи на 26 јануари, денот кога се случи несреќата, самиот одлучил да лета при неповолни временски услови, место да се откаже од летот.

Пилотот Ара Зобијан, исто така, погина во несреќата, како и сите осуммина патници во хеликоптерот.