Вака се сака Македонија во Бугарија – Цаки со “Бисер балкански“! Незаборавен настап во бугарскиот град Благоевград

155

Кој вели дека Бугарите не ги сакаат македонските песни? Жив доказ дека не можат без македонска музика се хитовите: Бисер балкански, Јовано Јованке, Ја излези Ѓурѓо…, кои публиката деновиве ги пееше заедно со познатиот пејач Цаки од групата Кисми на настапот во Благоевград.

Фолк пејчот со причина се пофали и вети дека на публиката во Бугарија пак ќе им ја исполни желбата, дека пак ќе им дојде, но ќе го збогати репертоарот со грст нови македонски песни. Тој после одличниот настап во Благоевград емотивно порача:
-Вака се презентира и сака Македонија во Бугарија!!!