Војната во Украина го подели светот, а тоа најдобро на своја кожа го почувствуваа спортистите. На Русите им е забрането да се појават на повеќето натпреварувања, Украинците речиси секаде се пречекани со аплаузи, а има и такви кои најмногу се оспорувани поради тоа што не го изнеле својот став. Таков е случајот со познатиот спортист Сергеј Бубка (59), доскорешен рекордер во скок со стап, пред да се појават Левилени и Дуплантис.

Бубка преку ноќ стана не толку посакувана личност во неговата Украина. Тој е роден во Луганск во 1963 година и прво го претставуваше Советскиот Сојуз, а потоа по поделбата на земјата од 1991 година настапуваше под сино-жолтото знаме до 2001 година, но заради неговите ставови за војната во Украина, тој е далеку од својата слава која некогаш ја имаше.

Бубка сега беше нападнат од младата натпреварувачка во скок во височина Јарослава Магучик, која во интервју за „РИА Новости“ изјави дека на славниот спортист не се гледа како порано. Според нејзиното мислење, тоа не е став само на младите спортисти од Украина, туку на украинскиот народ во целина.

  • Многу сум горда на Бубка како спортист, бидејќи постави бројни светски рекорди. Но, не ми се допаѓа како личност, бидејќи кога почна војната, тој не зазема страна. Што се однесува до нас спортистите, Бубка повеќе не постои, изјави младата Јагучик, која освои златен медал на неодамна завршеното Светско првенство во Будимпешта и ќе се бори со Анџелина Топиќ за најпрестижните медали во годините што следуваат.

Инаку, Бубка не е единствениот спортист од Украина кој беше исфрлен од општеството поради молкот за воениот конфликт, бидејќи фудбалерот Анатолиј Тимошчук доби значително поригорозна мерка, кој буквално беше избришан од историјата на украинскиот фудбал.