Трикратниот светски шампион во снукер, Марк Вилијамс, сè уште ги чувствува последиците од коронавирусот. Тој за време на натпревар заспа на стол, на едно од најпрестижните натпреварувања во спортот.

  • Главата ми падна и се разбудив и немав поим каде сум, изјави Вилијамс по поразот од Ентони Хамилтон на британското првенство.

Вилијамс заспа на стол при неговото водство од 3:2 и на крајот загуби со 6:5.

  • Професионалец сум 30 години и ова е прв пат да заспијам. Тоа нема никаква врска со Ентони, едноставно не се чувствувам добро, изјави Вилијамс.