Бројот на вакцинирани во Велика Британија надмина 20 милиони

76

Повеќе од 20 милиони луѓе во Велика Британија примиле барем една доза вакцина против коронавирусот, соопшти денеска министерот за здравство на таа земја, Мет Ханкок.

„Тоа е величествено достигнување за нашата земја. Вакцината е нашиот излез. Кога ќе добиете покана, вакцинирајте се”, напиша Хенкок на Твитер.

Велика Британија започна најбрза програма за вакцинирање во Европа и е прва на континентот според бројот на вакцинирани на милион и на 100 жители.

Извор:МИА