Бродот Икарија Ангел со 40. 000 тони жито за Етиопија во рамки на Светската програма за храна на ОН денеска не можеше да го напушти украинското пристаниште, бидејќи Русија се повлече од договорот за извоз на жито од украинските пристаништа, изјави украинскиот министр за инфраструктура Олександр Кубранов.
Тој на Твитер напиша дека производите биле наменети за народот на Етиопија кој е на раб на глад, но дека поради руските блокади на „житниот коридор“ извозот е оневозможен, пренесува Интерфакс Украина.