Британците открија податоци за болеста на Владимир Путин/ВИДЕО

190

Британскиот таблоид The Sun објави дека во јавноста се појавиле строго доверливи документи дека рускиот претседател Владимир Путин има ран стадиум на Паркинсова болест и рак на тироидата. Гласини за лошата здравствена состојба на Путин кружат со години, а западните разузнавачки служби и претходно сугерирале дека рускиот претседател има сериозни здравствени проблеми.

The Sun сега твдри дека имале увид во електроска пошта во која руски разузнавачки извор близок на Кремљ тврди дека на Путин му дијагностицирале ран стадиум на Паркинсова болест и рак на тироидна жлезда и на простата.

„Можам да потврдам дека му е дијагностициран ран стадиум на Паркинсова болест, но веќе напредува. Овој факт на сите можни начини ќе биде негиран и скриван. На Путин редовно му даваат повеќе видови тешки стероиди и иновативни инекции против болки за да го сопрат ширењето на ракот на тироидната жлезда кој му е дијагностициран неодамна“ – пишува наводниот руски разузнавачки извор близок до Кремљ.

Официјалните лица во Кремљ секогаш досега негирале дека нешто не е во ред со здравјето на рускиот претседател.

Дописникот на Kyiv Post, Џејсон Џеј Смарт претходно тврдеше дека „видеоснимките кои ги објавија руските владини медиуми на раката на Путин покажуваат нешто што би можело да биде траг од инфузија“.

Тој исто така посочува дека официјална Москва од овој настан објавиладве видеа – едното кое е прекриено со водени печати кои наводно, ја маскираат раката на Путин и друго видео на кое воопшто не ги прикажува. Руските државни медиуми ја избришале снимката, што дополнително ги поттикна шпекулациите.

The Sun потсети и на видеото на кое покажува како рацете на Путрин неконтролирано се тресат за време на средбата со белорускиот претседател Александар Лукашенко во Кремљ.