Британските поштенски работници протестираат во „најголемиот штрајк на летото“

30

Повеќе од 100.000 поштенски работници во Велика Британија денеска ќе штрајкуваат поради спор околу платите, а нивниот протест е оценет како „најголемиот штрајк на летото“, јави ДПА.

Синдикатот на телекомуникациските работници (CWU) соопшти дека неговите членови ќе штрајкуваат за „пристојно и соодветно зголемување на платите“ откако 97,6 отсто од нив гласале за акција за штрајк.

По денешниот штрајк ќе следуваат натамошни прекини на работа в среда (31 август), четврток (8 септември) и петок (9 септември).

Синдикатот соопшти дека раководството одобрило зголемување на платите за само два отсто, иако тие биле класифицирани како клучни работници за време на пандемијата со Ковид-19.

„Во економска ситуација кога се чини дека инфлацијата ќе порасне на 18 проценти во јануари 2023 година, ова зголемување ќе доведе до драматичен пад на животниот стандард на вработените“, рече портпаролот на синдикатот.