Британскиот премиер на удар на јавноста – прашал бездомник дали се занимава со бизнис!

255
EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Британскиот премиер, Риши Сунак, се најде на удар на критики од јавноста откако пред камерите го праша еден бездомник дали е деловен човек и дали сака да работи во финансиската индустрија. Сунак кој е поранешен банкар во Goldman Sachs и е еден од набогатите Британци, по петокот послужуваше доручек во засолниште за бездомници во Лондон каде поразговара со човекот кој рече дека се вика Дин.

„Дали сте деловен човек?“ – го прашал премиерот човекот на кој му подавал чинија со колбаси, тост и јајца.

„Не, јас сум бездомник“ – му одговорил тој.

Ангела Рејнер, заменичка претседател на опозицикста Лабуристичка партија, на Твитер објави видео од разговорот, нарекувајќи го „болно“, а другит лабурист за Сунак рече дека „нема контакт со реалноста“.

Кога во октомври дојде на позицијата премиер на Обединетото кралство, Сунак стана најбогатиот станар на Даунинг стрит 10, во моментот кога земјата се бори со зголемените трошоци за живот. Непријатниот разговор почнува кога бездомникот го прашал Сунак „дали работи нешто за да ја реши кризата“.

Кога му рекол дека го интересира бизнисот и финансиите, Сунак му рекол дека тој исто така се занимавал со финансии и го прашува „дали е тоа со што би сакал да се занимава во иднина“.

„Да, би сакал. Но, не знам, прво морам да го преживеам Божик“ – му одговорил Дин.