Брилијантната Каролина, битолското чупе, се врати на српската музичка сцена

88

И покрај некои грешки додека зборуваше на српски јазик

Нашата поп-пејачка ѕвезда Каролина Гочева се врати, по подолга пауза, на српската музичка сцена. Таа неодамна настапи не еден тамошен фестивал и дефинитивно ја освои публиката. Не само со песната, туку и со својот изглед. Со имиџот.

Во проѕирен долг црн  фустан со длабоки шлицови и резови на ракавите, видливо дополнето со еротско длабокото деколте и накитот кој битолското чупе го носеше околу врат, Каролина беше повеќе од брилијантна!

Па, дури и тогаш кога во изјавите за српските медиуми правеше некои јазични грешки, трудејќи се да им одговори на новинарите на српски јазик. (Д.М.)