Бреговиќ наздравува и најавува скопска журка на која „кој нема да полуди, не е нормален“

393

– Здраво на сите во Македонија, јас сум Горан Бреговиќ. На 23 март, во СЦ „Јане Сандански“ ќе одржам добар концерт со мојот „Оркестар за свадби и погреби“. Ќе биде забавно, ќе свирам сè и сешто, и ново и старо, ќе биде лудо! Кој нема да полуди, не е нормален – токму вака порачува музичарот во својата порака до македонската публика.

Скопскиот концерт ќе се одржи еден ден по прославата на 74. роденден на Горан Бреговиќ, а во рамките на прославата 50 години од постоењето на култното „Бијело дугме“. На сцената ќе застанат и членовите на „Леб и сол“ токму онака како некогаш во 1977 година, кога двата бенда прв пат се најдоа заедно пред македонските обожаватели. И токму така пак ќе биде во Скопје, сега на 23 март. Навистина добра причина да се полуди, секако поради добрите незаборавни хитови.    Д.М.