Бразилски лепчиња со кашкавал, замесени со брашно од тапиока

178

Вкусни лепчиња без глутен се одличен избор за оние кои боледуваат од целијакија, односно имаат интолеранија на глутен. По желба може да додадете во тестото и зачински билки, или пармезанот да го замените со друг вуд кашкавал.

Главната состоја во овие лепчиња, тапиоката, всушност претставува природен глутен, односно згуснувач и се употребува за згуснување чорби, супи, кремови, пудинзи. Тапиоката се добива од коренот на растението маниока кое расте во Јужна Америка (Бразил), Западна Индија и во некои други тропски краеви на светот како во Индонезија и Австралија.

Во современи услови од коренот на тапиоката се прави прашок сличен на брашно, кој се влажни и се облкува во облик на топченца, наречени „перли“, ги има во неколку големини и се приготуваат пред употреба. Тапиоката се користи и како лесна храна за болки, како и за доенчиња во периодот на одвикување од мајчино млеко.

Потребно е:

  • 1/2 шолја маслиново масло или путер
  • 1/3 шолја вода
  • 1/3 шолја млеко или млеко од соја
  • 1 лажиче сол
  • 2 шолји брашно од тапиока
  • 2 шолји мелен лук
  • 2/3 шолја рендан пармезан
  • 2 матени јајца

Приготвување:

Сипете ги маслиновото масло, млекото и солта во големо тенџере, и загрејте ги на висока температура. Кога смесата ќе достигне темепратура на вриерње, тргнете го тенџерето од оган, и замешајте ги брашното од тапиока и лукчето во прав додека да оформите компактна смес. Оставете да се излади 10-15 минути. Додадете ги пармезанот и јајцата, едно по едно, додека да се се соединат убаво, смесата ќе биде грутчеста, како урда. Обликувајте топчиња, големи колку четврт шолја и редете ги во плех, на хартија за печење. Печете ги во претходно загреана рерна додека да потемнат, односно 15-129 минути.