Борис Бекер на робија во еден од најстрашните затвори/ФОТО

430

Затворот во кој тениската легенда Борис Бекер ќе биде на робија во наредните две и пол години е еден од најстрашните во Велика Британија. Станува збор за Викторијанска зграда стара околу 170 години во која хигиената и условите се најниско ниво.

А, да биде иронијата на судбината на некогаш најславниот тенисер уште поголема, затворот се наоѓа на само 3 километри од Вимблдон, местото на кое Бекер ја испиша тениската историја.

Во затворот Вандсворт, казна издржуваат 1.300 затвореници, пренесува Дејли мејл.

 

Бекер моментно е во самица, но во наредниот период ќе биде префрлен во ќелија во која ќе има „цимери“ и каде го очекува исклучително ниско ниво на хигиена.

 

Затворот Вандсворт е на врвот на листата по бројот на инциденти во затворите во Велика Британија. Чуварите на редот, таму во просек четири пати дневно употребуваат сила во пресметките меѓу затворениците кои се се секојдневна појава.

Од органицациите за заштита на човековите права, наведуваат дека затворениците во Вандсворт на чист воздух проведуваат само два часа дневно. Поради тоа има и голем број на самоубиства меѓу затворениците, а голем е бројот и на оние што побарале стручна помош поради психички проблеми.

Сето тоа е новата реалност што го очекува Борис Бекер во наредните две и пол години. Казната на поранешниот тениски ас осуден поради затајување данок може да биде намалена во случај на „добро однесување и владеење“.