Борел: Мора да се постигне договор и да се донесе политичка одлука за визи за руски туристи

28

Европската Унија не смее да покаже несогласување во врска со барања на некои членки од Источна Европа да се забранат визи за руски туристи, предупреди високиот претставник  за надворешна политика и безбедност на ЕУ Жозеп Борел.

Тој ги повика членките на ЕУ да се договорат по ова прашање.

– Ќе мораме да постигнеме договор и да донесеме политичка одлука, нагласи Борел пред новинарите, по доаѓањето на вториот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ што се одржува во Прага.