Откако Пелистер се пласираше во финалето во Суперлигата, познат е распоредот на серијата подобар до три. МЗТ Скопје ја има улогата на фаворит, пред се поради домашниот терен, но од тимот од Битола се надеваат на освојување на шампионскиот трофеј.

Првата средба се игра утре (3 јуни), а два дена подоцна (5 јуни) серијата се сели во Битола. На 7 јуни повторно МЗТ Скопје ќе го пречека Пелситер, а доколку серијата не заврши по само три меча, се продолжува во Битола (10 јуни). Евентаулата мајсторка би се играла на 12 јуни во СЦ „Јане Сандански“.