Богатиот шеик ја изненади новинарката на ESPN со скап подарок/ВИДЕО

225

Новинарта на ESPN Софија Мартинез ќе го памети овогодинешното Светско првенство во Катар по многу нешта, вклучувајќи го и подарокот што го доби од шеикот.

Локален милионер на аргентинската новинарка и приреди сосема неочекувано изненадување, а додека таа беше во живо, тој ја покани во своето Ламборџини и и даде скап подарок.

На седиштето имаше црна кутија со машна и помала верзија на „Златната божица“, односно трофејот од Светското првенство.

Воодушевената новинарка прашала дали подарокот е за неа, на што шеикот одговорил потврдно, а кога Аргентинкатат излегла од автомобилот и го отворила, во кутијата бил најновиот Самсунг телефон вреден околу 1.000 евра.

Погледнете ја нејзината реакција.