Германскиот ракометен биндеслигаш Кил, го одбрани домашниот терен и минимално го доби дербито во реванш четвртфиналето со ПСЖ со 33:32 и се пласираше на завршниот турнир во Келн. Кил и ПСЖ одиграа нерешено на првиот меч во Париз и затоа „зенбрите“ со само еден гол преднос патуваат на фајнл – фор турнирот.

Магнус Ландин со седум гола беше прво име во редовите на Кил, а Ремили се истакна со осум кај гостинската екипа. Шпанска Барселона одигра максимално ангажирано на домашен терен и со втората победа над бундеслигашот Флензбург (27-24) обезеди место на Ф4-турнирот и завршницата во Лигата на шампионите.

Каталонскиот гигант Барселона, одигра максимално ангажирано на домашен терен и со втората победа над бундеслигашот Флензбург (27:24) обезеди место на Ф4-турнирот и завршницата во Лигата на шампионите.

За Барса ова е четвртото последователно учество на Ф4-турнирот. Со тоа одново започна серија, која пред повеќе од две децении гласеше шест пласмани во низа во завршницата од сезоната во елитното натпреварување. Толку има и Металопластика, а по пет имаат Целје, Сиудад Реал и Кил.

-Ние сме навистина многу среќни што се пласиравме на уште еден завршен турнир. Ние двапати загубивме од Киелце во групната фаза и навистина беше тешко за тимот. Но имаме време да ја подобриме нашата игра пред почетокот на турнирот и да заблескаме како тим во Келн, изјави теберот на Барселона, Карлос Ортега.

Најдобар стрелец на мечот кај Барса беше Дика Мем со шест гола, пред Бенали со пет, додека Циндриќ реализира четири пати. Кај Флензбург, Ване имаше шест погодока, пред Сван и Гоља со по четири погодоци.

Покрај шпанскиот и германскиот клуб на завршниот турнир оваа година во „Ланксес Арена“ ќе учествуваат уште полскиот Киелце и унгарскиот Веспрем.