Боатенг како дефанзивен столб

50

Новиот предводник на италијанскиот калчолигаш Рома, Жозе Мурињо, сака на располагање да ги има и услугите на поранешниот репрезентативец на Германија, Џером Боатенг. Централниот дефанзивец пред неколку дена и официјално стави крај на соработката со бундеслигашот Баерн (М) и може да се пресели на „Олимпико“ без никакво обештетување. „Специјалниот“ е убеден дека Боатенг може да биде решение за сите дефанзивни проблеми.