Поранешниот репрезентативец на Германија и фудбалер на Баерн (М), Џером Боатенг, во следните неколку дена и официјално ќе биде преставен како најнова аквизиција на францускиот гигант Олимпик од Лион. Централниот дефанзивец моментално има статус на слободен играч и челниците на Лион нема да потрошат ниту едено евро за неговото обештетување. Се очекува Германецот да потпише 2-годишен договор кој ќе му гарантира годишна заработувачка од 5 мил. евра.