Би-Би-Си: Снимена риба како плива на најголема длабочина од 8.336 м/ВИДЕО

386

Научници снимија риба како плива на длабочина од 8.336 метри во океанот јужно од Јапонија, во ровот Изу-Огасавара, кој е најголемата регистрирана длабочина, а станува збор за вид полжав од родот Pseudoliparis.

Водечки научник рече дека ова би можело да биде максималната длабочина, или блиску до максималната, на која може да преживее секој вид риба, објави денеска Би-Би-Си.

Претходно, најголемата длабочина на која беа забележани риби беше 8.178 метри, појужно во Пацификот во Маријанскиот ров, со што новото откритие го надмина рекордот за 158 метри.

„Ако овој рекорд биде соборен, тој потенцијално би бил само за неколку метри“, изјави за Би-Би-Си научникот од Универзитетот во Западна Австралија, професор Алан Џејмисон, кој го предводеше истражувањето.

Џејмисон пред 10 години предвиде дека рибите најверојатно ќе се најдат на најдлабоките длабочини од 8.200 до 8.400 метри, а една деценија истражување ширум светот го потврди тоа.