Бејл има 68 милиони причини да остане во Реал (М)

102

Герет Бејл нема никаква намера да си замине од Реал (М) за време на летниот преоден рок, пишува англискиот весник „Мирор“. Актуелниот шампион на Шпанија веќе подолг период се обидува да се ослободи од услугите на велшкиот интернационалец , но од тоа нема да биде ништо. Крилниот напаѓа е подготвен последните две сезони од договорот да ги одработи или на резервната клуба или во свечената ложа.

„Кралскиот клуб“ планира за време на летниот преоден рок да направи сериозна реконструкција на тимот и затоа ќе бидат продадени неколку фудбалери. Бејл е најскапиот играч во соблекувалната, но во Мадрид се сфесни дека никој не сака да го превземе неговиот астрономски договор од 34 мил. евра по сезона. Бејл е сфесен дека никаде не може да добие таков договор и дека најдобро за него е да остане во Мадрид.

Шефот на стручниот штаб, Зинедин Зидан веќе го отпиша, а Велшанецот го информира дека не сака да биде во комбинација за реванш 1/8 финалниот дуел од ЛШ против екипата на Манчестер Сити. Додека неговите тимски колеги грчевито се бореа за пласман во 1/4 финалната рунда, Бејл беше снимен како игра голф. Во игра беше и опцијата за негова позајмица, но Велшанецот не сака да слушне за такво нешто.

„Мирор“ пишува дека 31-годишниот Бејл ужива во Мадрид каде живее во голема вила заедно со својата сопруга и со трите деца, а во близина му се идеалните голф терени.

Бејл се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ во 2013 година откако Тотенхем го прифати тогаш рекордното обештетување од 101 мил. евра. Крилниот напаѓач се покажа како клучен во финалните дуели од Лигата на шампиони во 2014 и 2018 година. Во 2016 година потпиша нов договор со „кралскиот клуб“ и си обезбеди неверојатна неделна плата од 660.000 евра.

До крајот на актуелниот договор, капитенот на фудбалската репрезентација на Велс, ќе заработи околу 68 мил. евра, а тогаш ќе има 33-години и сигурно ќе нема голем мотив да продолжи со својата богата фудбалска кариера.