Бесплатно разгледување на Скопје и Битола

33

По повод 21 февруари – Светскиот ден на туристички водичи, Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници во сабота ќе организира бесплатно разгледување на Скопје и Битола.

Бесплатните разгледувања на Скопје ќе почнат во 12, 13 и 14 часот.

Појдовно место ќе биде Меморијалниот центар на мајка Тереза, а преку плоштадот „Македонија“ ќе заврши во старата скопска чаршија.

Во Битола, бесплатните разгледувања ќе се одржат во 10:00 и 11:00 часот. Појдовна точка првата тура ќе биде Музејот на Град Битола во 10:00 часот, а на втората тура ќе биде со почеток во 11:00 часот од пред Саат кулата.

-Доколку сакате да го слушнете начинот на кој им ја пренесуваме приказната на странските гости и да се потсетите на богатата култура и историјата на Скопје и Битола, ве повикуваме да ни се придружите и да бидете наши гости на градските тури. Не е потребна никаква најава или резервација, ваше е само да се појавите во еден од предложените термини и заедно да уживаме во едно поинакво саботно утро, велат од Македонската асоцијација на туристички водичи.