Белоти ќе го глуми Лаутаро

33

Доколку предвреме биде прекината соработката со аргентинскиот интернационалец Лаутаро Мартинез, раководните лица на италијанскиот калчо гигант Интер ќе се обидат да ги осигураат услугите на најдобриот напаѓач во дресот на Торино, Андреа Белоти. Мартинез важи за голема желба на Барселона и голема е веројатноста дека ќе се пресели на „Ноу Камп“ за време на летниот преоден рок. За разлика од Аргентинецот кој вреди 111 мил. евра, потписот на Белоти може да се обезбеди со понуда не помала од 55 мил. евра.